Нашите основачи
Долгогодишни активисти и експерти во различни области
Мила Царовска
Основач и Директор
Душан Томиќ
Основач и Претседател
Бранимир Јовановиќ
Основач
Санела Шкријељ
Основач
Снежана Костовска Фрчковска
Основач
Во Асоцијацијата функционираат три оддели кои дејствуваат засебно, но се надополнуваат при
остварувањена целите, мисијата и визијата на организацијата:
Истражување и анализа
Дел од нашите активности во овој сектор ги опфаќаат следните теми:
- Истражување за ефектите на инфлацијата врз сиромаштијата во Северна Македонија
- Влијанието на покачувањето на струјата врз граѓаните во ризик од сиромаштија
- Анализа за ефектите и оддржливоста на социјалната реформа 2019
Едукација и еманципација
Фокусирани сме на подобрување на знаењата и вештините на младите лидери, особено младите и прогресивни девојки и жени, за управување со процесите и креирање политики.
- Академија за јавни политика
- Академија FUTURE IS FEMINIST
Социјални иновации
Преку Одделот за социјални иновации и развој на праведни јавни политики имплементираме проекти како:
Иницијатива “Конструктивни политики“
Граѓанска ревизија чија главна цел е да обезбеди јавна одговорност при спроведувањето на програмите, законите и политиките.
Статут
Програма 2023

Создаваме платформа за инклузивност и раст
Зголемувањето на животниот квалитет е неопходно
Мисијата на Асоцијацијата е да ги промовира и поддржува демократските процеси, да
придонесува за инклузивен, праведен и одржлив развојпреку истражувања, анализи и предлози
на прогресивни, праведни и родово освестени јавни политики почитувајќи ја партиципативната
култура.
- Поддршка на ненасилни, инклузивни/партиципативнии родово освестени демократски промени во Северна Македонија
- Подобрување на квалитетот на живот и придонес за праведен и одржлив развој
- Анализа на постојни политики и развој на иновативни предлози за праведно унапредување на процесите во општеството
- Регионална и меѓународна соработка при развој на прогресивни јавни полиитки
- Едукација за праведни јавни политики на прогресивни млади граѓани
