Академија за јавни политки – од идеја до реализација
Опис на академијата
Академијата за јавни политики претставува интервенција за развој, подигање на свеста околу одредени општествени состојби како и градење на капацитети за дејствување кај учесниците.
Главна цел е да се унапредат знаењата и вештините на младите лидери за упревување со процеси и донесување на јавни политики.
Преку одржување на 4 тематски единици, 15-18 млади прогресивни млади ќе научат како да создададат платформа за реализација на своите идеи за подобро општество (идеја, вмрежување, финансирање, комуникација).
Во текот на 4те тематски единици учсниците ќе добијат одговори на следнве теми:
• Како креирам идеја?
• Што значи да се вмрежам и добијам поддршка за мојата идеја?
• Како да обезбедам финасии за мојата идеја?
• Како да ја информирам широката и засегнатата јавост за мојата идеја? Како да подготвам комуникациска стратегија?
На академијата ќе се организира и хакатон за учесниците кој ќе ги поттикне да стигнат до реализација на нешто што го замислиле.
Академијата се организира во период од 6 месеци (Април- Ноември) ќе се одржат 4 тематски единици во траење од 2 дена или вкупно 8 работни дена.
Цел на академијата
Цели на академијата се учесниците да се стекнат со знаења и вештините за упревување со процеси и донесување на јавни политики.
Дополнително да се запознаат со искуствата од другите земји како и иднината на социјалната демократија.
Профил на учесници
Академијата е соодветна за млади луѓе кои имаат прогресивни ставови и споделуваат социјалдемократски вредности на возраст од 21-29 години. Доколку се појави потреба при селекцијата на учеснци може да се направи отстапка за возраста.
Број на учесници
За да се обезбеди соодветна динамика на академијата како и да се постигне ефикасност потребно е бројот на учесници да се движи во рамки од 15 до 18 учесници.
Преглед на тематски целини
Како креирам идеја?
Што значи да се вмрежам и добијам поддршка за мојата идеја?
Како да обезбедам финасии за мојата идеја?
Како да ја информирам широката и засегнатата јавост за мојата идеја? Како да подготвам комуникациска стратегија?
Времетраење на академијата
Академијата е со вкупно времетраење од 6 месеци во кои работни се 8 дена поделени во 4 тематски единици по 2 дена. Агенда за секоја тематска единица се состои од воведна, завршна сесија и 6 тематски сесии по 70 – 90 минути. Тематските единици може да се одржуваат како посебни или да се комбинира меѓусебе како пакет на обуки.
Начин на спроведување на академијата
Академијата е во формат на интерактивни работлници. Пристапот на обучувачот е отворен, односно обучувачот има свој дел за презентација на содржините со простор за прашања и дискусии од страна на учесниците.
Сесиите се состојат од 70% вежби низ кои учесниците ќе може да ги употребат стекнатите знаења и диретно да се стават во ситуација на донесувачи на одлуки или лидери кои треба одредена идеја да ја преточат во јавна политика која ќе служи на јавниот интерес. Дополнително во две тематски единици вклучени се и инспиративни говорници кои ќе ја подигнат мотивираноста на учесниците и ќе ги потикнат на дејствување во својата околина.
Во обуката треба да се вклучи хакатон или челинџ преку партнерство со компанија или организација која треба да го сработи со учесниците (нешто по принципот на Бреинстер)
Обуката е најдобро да се спроведува со физичко присуство затоа што бара интензивна интеракција и дискусии за вредносни системи и ставови. Сепак може брзо да се адаптира и за учење на далечина. Обуката треба да се реалзира во простор кој нуди можност за градење на доверба меѓу учесниците како и простор за неформални дискусии за темата. Значајно е во групата на учесници да има застапеност на мажи и жени како и различни етнички заедници.
Пристап на обучувачите
Целта на академијата е да обезбеди простор учесниците да ги применат стекнатите знаења и практични вештини кои ќе ги зајкнат за понатамошно дејствување и залагање за прогресивни јавни политики кои го застапуваат јавниот интерес. Презентациите треба да ги опфатат основните прашања за темата и да се остави простор за практично спроведување на наученото. Аудиовизуелните помагала имаат клучно значење за презентациите да бидат поефективни.
Примена на соодветен распоред на седење може да поттикне активното учество и да охрабри размена на искуства помеѓу учесниците. Препорачливо е учесниците да седат во мали групи околу маса. Во просторијата треба да има доволно простор за играње улоги, демонстрирање и вежби за раздвижување.
Обучувачи:
Обуката ќе ја спроведат еминентни и докажани експерти во својата област домашни и странски обучувачи.
Во прилог галерија од еден од реализираните модули:
РЕПУТАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БУЏЕТ