Жените и мажите во Северна Македонија 2023
Издавач: Државен завод за статистика
Во прилог е тринаесеттото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“, подготвено врз основа на податоците кои Државниот завод за статистика ги прибира преку своите редовни статистички истражувања, но и податоци од други учесници во Националниот статистички систем.
Во ова издание презентирани се нови содржини кои ќе овозможуваат да се добие слика за демографските, образовните и економските карактеристики на жените и на мажите во Република Северна Македонија во согласност со препораките од анализата на сите досегашни изданија на „Жените и мажите во Северна Македонија“, изработена во соработка со UN Women, со чија поддршка Заводот забрзано работи на унапредување на работата со родовите статистики.
Презентираните индикатори од родовите статистики овозможуваат да се следиме процесот на воспоставување на еднакви можности и еднаков третман на жените и на мажите во разни области од животот: образованието, вработувањето, правосудството, социјалната заштита.
Со ова издание се овозможува понатамошно следење на состојбите со родовите показатели во Северна Македонија и воедно ќе претставува основа на натамошни продлабочени истражувања и анализи.
Дознајте повеќе за истражувањето на следниот линк: