социјална правда

The minimum wage and its effects on the companies functioning

Автори: Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски, Драган Тевдовски

“Ниеден бизнис кој е заснован на тоа да им дава на работниците плати пониски од платата за живот, нема право да продолжи да работи во оваа држава. И кога велам плата за живот, не мислам на плата која обезбедува гола егзистенција, туку на плата која обезбедува пристоен живот”
– Френклин Д. Рузвелт (1933)

Минималната плата, според Меѓународната организација на трудот, се дефинира како „најмалиот износ на надомест што работодавачот е обврзан да му го исплати на работникот за работа остварена во определен период, а кој не може да биде намален со колективен или индивидуален договор” (International Labour Organisation, 2021). Основнатата намера на минималната плата е да ги заштити работниците од премногу ниско поставување на платите, кое што не обезбедува покривање на трошоците за живот.

Оваа студија дава осврт на минималната плата во Република Северна Македонија, нејзиниот историјат, нејзиното ниво и како таа влијае врз работењето на фирмите. На почетокот се презентира кратката историја на минималната плата во
светот, заедно со осврт на поважните трудови за минималната плата. Потоа е дискутиран развојот на минималната плата во Северна Македонија и е прикажан преглед на на досегашните трудови за минималната плата кај нас.

Централно место во студијата зазема емпириската анализа која ги испитува ефектите врз фирмите во македонската економија предизвикани од зголемувањето на минималната плата во 2017 година, што претставува најсилно зголемување на минималната плата досега. Потоа се прави споредба на минималната плата со други земји, со цел да
се покаже каде се наоѓа нашата минимална плата во моментов. На крајот од студијата се дадени препораки за унапредување на политиките за минималната плата во македонската економија.

Дознајте повеќе за истражувањето на следниот линк:

en_US