#Future is Feminist
Опис на програмата
Програма Future is Feminist (Иднината е феминистичка) претставува сет на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, напредуваат, водат и служат на демократските процеси и сакаат развој на нивната кариера во бизнисот или политиката.
Обуката треба да обезбеди разбирање и вештини за управување со човечки ресурси, буџет, приоритети и време, како и продлабочени знаења за принципите на женското владеење.
Оваа програма се разликува од обуки на други теми поради тоа што допира до лични и политички прашања. Обуката се фокусира на четирите клучни карактеристики: знаење, ставови, вештини и навики. Токму затоа пред тренингот се предвидува проценка на потребите на учесниците. Токму затоа обуката е дизајнирана да биде флексиилна и да успее да ги опфати сите прашања, а во исто време да ги пресретне потребите на учесниците.
Во период од 6 месеци (Април- Ноември) ќе се одржат 4 тематски единици во траење од 2 дена или вкупно 8 работни дена.
Цел на програмата
Цели на програмата е да се детектираат и обучат млади девојки и жени кои ќе ги зајакнат своите лидерски вештини за да го менуваат општеството кон подобро.
Профил на учеснички
Обуката е соодветна за млади прогресивни девојки и жени на возраст од 21 – 29 години кои сакаат да напредуваат во својата кариера и кои имаат прогресивни ставови и вредности.
Број на учеснички
За да се обезбеди соодветна динамика на обуката како и да се постигне ефикасност потребно е бројот на учеснички да се движи во рамки од 15 до 18 учесници.
Преглед на тематски целини
Интегритет и управување со човечки ресурси
Репутација и управување со буџет
Управување со приоритети и време
Принципи на женско владеење и јавност
Времетраење на програмата
Академијата е со вкупно времетраење од 6 месеци (април – ноември) во кои работни се 8 дена поделени во 4 тематски единици по 2 дена. Агенда за секоја тематска единица се состои од воведна, завршна сесија и 6 тематски сесии по 70 – 90 минути. Тематските единици може да се одржуваат како посебни или да се комбинира меѓусебе како пакет на обуки.
Начин на спроведување на програмата
Програмата е во формат на интерактивна работлница. Пристапот на обучувачите е отворен, односно обучувачите има свој дел за презентација на содржините со простор за прашања и дискусии од страна на учесничките.
Сесиите се состојат од 70% вежби низ кои учесничките ќе може да ги употребат стекнатите знаења и диретно да се стават во ситуација на донесувачки на одлуки или лидерки кои треба да раководат со институција/организација/компанија. Дополнително во две тематски единици вклучени се и инспиративни говорнички/ци кои ќе направат дополнителни зајакнување на самодовербата кај учесничките.
Обуката е најдобро да се спроведува со физичко присуство затоа што бара интензивна интеракција и дискусии за вредносни системи и ставови. Обуката треба да се реалзира во простор кој нуди можност за градење на доверба меѓу учесниците како и простор за неформални дискусии за темата. Значајно е во групата на учесници да има застапеност жени од различни етнички заедници.
Пристап на обучувачите
Цел на програмата е да обезбеди простор учесничките да ги применат стекнатите знаења на обуката, да ги преиспитаат своите ставови како и да разменат искуства. Презентациите треба да ги опфатат основните прашања за темата и да се остави простор за дискусија. Аудиовизуелните помагала имаат клучно значење за презентациите бидат поефективни.
Примена на соодветен распоред на седење може да поттикне активното учество и да охрабри размена на искуства помеѓу учесничките. Препорачливо е учесничките да седат во мали групи околу маса. Во просторијата треба да има доволно простор за играње улоги, демонстрирање и вежби за раздвижување
Обучувачи
Обуката ќе ја спроведат еминентни и докажани експерти во својата област домашни и странски обучувачи.