Проект: Граѓанска ревизија

Што е граѓанска ревизија?

Основната цел на граѓанската ревизија е да обезбеди јавна одговорност при спроведувањето на програмите, законите и политиките.

Принципи на граѓанска ревизија

Транспарентност: Целосна транспарентност на администрацијата за процесот надонесување одлуки, со обврска на владата проактивно да им даде на луѓето целосен пристап до сите релевантни информации.

Учество: Право на сите засегнати лица да учествуваат во процесите на одлучување и валидација, а не само нивните претставници(советници/пратеници).

Репрезентативно учество: Правото на засегнатите лица да дадат информирана согласност, како група или како поединци.

Одговорност: Непосредни и јавни одговори на избраните претставниции владините функционери кон сите засегнати граѓани за преземените илинепревземени релевантни дејствија.

Компоненти на граѓанската ревизија

Граѓанска ревизија користи различни техники и методологии бидејќи треба да се обликува согласно природата на дадена програма или услуга на која се прави ревизија. Основникомпоненти на секоја методологијата за граѓанска ревизија се:

Подготвителна компонента која подразбира:

  • Дефинирање на опсегот на ревизијата како на пр. одредена услуга, програма, проект, компонента или активност.
  • Формирање комисија/работна група за планирање, спроведување и надгледување на процесот на граѓанска ревизија.
  • Идентификување на клучните засегнати страни како што секорисници на некоја услуга, засегнати граѓани, локални граѓански организации, даватели на услуги, одговорни владини службеници, итн.
  • Идентификување на релевантните административни структури и прецизирање на клучните одговорни институции/актери.
  • Дефинирање на јасна визија и целите на услугата/програмата што се ревидира.
  • Развој на индикатори за успешност преку консултации со засегнатите страни.
  • Организирање кампања за подигање на јавната свест за целите и придобивките од граѓанска ревизија користејќи медиуми, јавни форуми, посети од врата до врата итн.

Собирање и анализа на податоци

Мора да се направат напори да се добијат оригинални документи наместо извештаи од втора рака кои можеби не се точни. Дополнително да се соберат податоци од релевантните засегнати страни за нивните перцепции и искуства за предметната услуга/програма преку анкети, фокус групни дискусии, состаноци во заедницата итн.

Процесот на собирање информации може да послужи и за информирање, мобилизација кон акции за промена на клучните засегнатите страни и членовите на заедницата за прашањата кои се во интерес на ревизијата.

Јавно обелоденување на податоците и дијалог заснован на докази

Развој на комуникациска стратегија за дисеминација на наодите и исходите. Значајно е користење на медиумите, јавно објавувања на состаноци, споделување на предлог измени/решенија за политиките.

Во оваа компонента најзначајни се состаноци за јавен дијалог за да им овозможите на членовите на заедницата директно даразговараат  со властите или давателите на услуги и да планираат и спроведат промени кои се неопходни за подобрување на услугата или програмата за која се правела ревизија.

Следење

Наодите од граѓанската ревизија треба да се користат за да се преземат активности за застапување за решавање на одредени случаи на лошо управување, неостварување на одредени права, пристап до услуги како и пошироки политички прашања.

Најважно во оваа компонента е да се обучат и зајакнат членовите на заедницата за да преземат дополнителни граѓански ревизии. Треба да се направат напори за институционализирање на граѓанските ревизии во рамките на владејачките структури или да се добие заложбата од властите за спроведување на редовни ревизии кои ќе се користат како инструмент за дијалог и подобрување на услугите и програмите.

Придобивки од граѓанска ревизија

  • Ја подига јавната свест и знаење кај граѓаните за нивните основни права;
  • Промовира зајакнување на граѓаните и го зајакнува гласот на заедницата со тоа што дозволува членовите на заедницата да дадат повратни информации, да собираат докази, да ги толкуваат наодите и развиваат решенија;
  • Промовира локална демократија и колективно одлучување;
  • Го подобрува разбирањето на креаторите на политики за грижите и предизвиците на засегнатите страни и ги охрабрува да преземат чекори за да го решат истото; и
  • Може да доведе до подобрен дизајн и испорака на програми и услуги.
  • Кога се институционализирани, граѓанските ревизии овозможуваат редовно следење на јавноста на институциите, зајакнување на легитимитетот на државните актери и зајакнување на довербата помеѓу граѓаните/граѓанските организации и владата.
  • Граѓанските ревизии, исто така, можат да придонесат за зголемена транспарентност

Проектот првично ќе се спроведе во општина Штип.

mk_MK