Во Асоцијацијата функционираат три оддели кои дејствуваат засебно, но се надополнуваат при
остварувањена целите, мисијата и визијата на организацијата:

Истражување и анализа

Дел од нашите активности во овој сектор ги опфаќаат следните теми:

  1. Истражување за ефектите на инфлацијата врз сиромаштијата во Северна Македонија
  2. Влијанието на покачувањето на струјата врз граѓаните во ризик од сиромаштија
  3. Анализа за ефектите и оддржливоста на социјалната реформа 2019

Едукација и еманципација

Фокусирани сме на подобрување на знаењата и вештините на младите лидери, особено младите и прогресивни девојки и жени, за управување со процесите и креирање политики.

  1. Академија за јавни политика
  2. Академија FUTURE IS FEMINIST

Социјални иновации

Преку Одделот за социјални иновации и развој на праведни јавни политики имплементираме проекти како:

Иницијатива “Конструктивни политики“

Граѓанска ревизија чија главна цел е да обезбеди јавна одговорност при спроведувањето на програмите, законите и политиките.

mk_MK