Education

Со програмата „Girls Power“ на СИГА создаваме млади лидерки во Источниот регион на државата

Со најновата програма „Girls Power“ на  „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА, создаваме млади лидерки во Источниот регион на државата.  „Младинското лидерство“ е дел од првиот модул обуки од вкупно четири, кои викендов го посетуваат млади жени и девојки. Активностите за јакнење на лидерските вештини кај жените се дел од проектот на СИГА, ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment”  и се поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ),  како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”. Сите учеснички по завршување на обуките ќе добијат финансиски средства кои ќе треба да ги искористат за спроведување на општествена акција која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво.

Во првиот модул учесничките кои беа избрани на јавен конкурс од општините Кочани, Пробиштип, Виница, и Чешиново-Облешево, а се на возраст од 21-29 години, имаа можност да проследат едукација за основите на лидерството и со помош на едукатори да работат на развој на лидерските вештини.

Обучувачите Владо Караев и Сара Миленковска низ презентации, вежби и сценарија заедно со учесниците го разгледаа значењето на младинското лидерство и како тоа може да има влијание на заедницата и личниот развој.

Основната цел на СИГА е низ инклузивни и едукативни процеси кај младите да ги развие лидерските и комуникациските способности и вештини. Тие понатаму ќе може да ги искористат за развој на заедницата, низ принципиелно лидерство и иницијативност.

mk_MK