Санела Шкријељ
Основач
Активна во комисиите за образование, труд и социјална политика, европски прашања и надворешни работи.
Феминистка, застапник за човекови права и истражувачка со посебен фокус на социјалната вклученост на ранливите групи на локално и национално ниво. Шкријељ има повеќе од 15-годишно искуство во граѓанското општество, процеси за градење капацитети и креирање политики на локално и национално ниво и долгогодишно искуство во работата со ранливите и социјално исклучените групи во идентификувањето и искажувањето на нивните потреби и приоритети.
Во периодот 2017 – 2021 година ја извршуваше функцијата шеф на кабинет на министерот за труд и социјална политика и министерот за образование и наука.
Шкријељ е дипломиран психолог.