

About Me:
Душан има над 18 години професионално работно искуство во Министерството за труд и социјална политика во развој и имплементација на различни програми и проекти поврзани со социјалната заштита, вклучување на ранливи групи на пазарот на трудот (лица со попреченост, долгорочно невработени лица, деца во ризик, лица зависници итн.), развој на политики за социјално претприемништво, воведување на програми за професионална рехабилитација за лицата со попреченост, промена на моделите за проценка на попреченоста и развој на раната интервенција. Тој има повеќе од 18 години искуство во подготовка и спроведување на различни социјални услуги, услуги во заедницата, социјални услуги дома за различни ранливи групи на национално и меѓународно ниво. Искуство во градење на капацитети за различни
видови на засегнати страни со фокус на МТСП, ЦСР, АВРСМ, МОН, граѓански организации од областа на социјалната инклузија, инклузивно образование, развој на социјални услуги во заедницата, професионална рехабилитација, социјално претприемништво.
Исто така, има долгогодишно искуство во подготовка и евалуација на проекти поддржани од ЕУ преку ИПА инструментот, во делот на социјалната заштита, вработувањето и образованието. Од 2016 до 2017 година работи во УНДП како координатор на програмата за самовработување на лицата со попреченост. Од 2017 до 2019 работи во МТСП како посебен советник за социјално вклучување во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, по што од 2019-2021 година се вклучува во Проектот за развој на социјални услуги поддржан од Интернационалната Банка за обнова и развој како Координатор за развој на социјални услуги.
Од 2021 работи во МОН, на проект за развој на основното образование, како специјалист – координатор за развој на инклузивното образование.
Од 2022 година работи во МТСП – Проект за развој на социјални услуги – специјалист за социјална заштита во единицата за анализа и евалуација и следење.