Снежана Костовска Фрчковска

Основач

Follow Me:

About Me:

Education & Training

Образование: Дипломиран економист на „Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски факултет, а
магистерските студии ги завршува на "University of Pittsburgh", PA, USA – Graduate Center for Public Policy and
Management Macedonia во 2005 година кога се стекнува со титулата Магистер по јавна политика и менаџмент. Во
2022/2023 година на „Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет се стекнува со педагошко-
психолошка и методиска квалификација за образованието, воспитанието и наставниот процес, како и со
сертификати од Microsoft и СЕМОС за Data Analyst.

Работен ангажман: Долгогодишен работен ангажман од над 25 години, во приватниот сектор и околу 20 години во
јавната администрација меѓу кои, во Министерство за финансии во 2004 година како соработник за проекти
финансирани од ЕБОР, во Министерство за труд и социјална политика од 2004 до 2019 година како раководител на
оддделение а потоа како државен советник, во Влада на Република Северна Македонија во 2020 година како
посебен советник во Кабинетот на Заменик престедателот на Владата за економски прашања, координација со
економските ресори и инвестиции, во Министерство за образование од 2020 до 2023 година како посебен советник,
од 2023 година како финансиски координатор за грантови на Проектот за унапредување на основното образование
– Министерство за образование и наука, а потоа како финансиски експерт на Проектот за подобрување на
социјалните услуги – Министерство за труд и социјална политика. Во текот на работењето има стекнато многу
сертификати и дипломи, посета на обуки и студиски патувања.

Други професионални ангажмани: Консултант за буџетирање на политики, Проект за техничка поддршка на
спроведување на SRPC ‘“EU for Youth’’ финансиран од ЕУ, 2023 година; Финансиски експерт во тимот за креирање на
Стратегија и акциски план за позитивно родителство, УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, 2022
година; Член на Советот за стручно образование и обука, 2021/2022 година; Мониторинг и координација на „Проект
за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ имплементиран од Кабинетот на вицепремиерот на РСМ,
во соработка со Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Амбасадата на Швајцарија, 2020 година;
Мониторинг и координација на “Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со грант од
Европската Унија (ИПА 2), 2020 година; Следење на процесот на подготовка и ревизија на нацрт верзијата на
Доброволниот национален преглед за целите за одржлив развој (SDG/Агенда 2030) за Северна Македонија, 2020
година; Директор на проектот на „Проектот за подобрување на социјалните услуги’“, 2018 – 2020 година; Директор
на проектот на „Проектот за условен трансфер на парични трансфери, 2017/2018 година; Член на Комисија за акции
и удели на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување 2017-2020 година; Координатор на Проектот за грантови/
под-проект за мигранти и бегалци финансиран од Банката за развој на Советот на Европа 2015/2016 година;
Обучувач на тема: „Интерперсонална комуникација со вработените – тајната на успешното управување“ во
организација на „Фондација Никола Кљусев“ – Скопје, 2015 година; Мониторинг на Проектот „Вклучување на децата
Роми во јавните предучилишни установи (детски градинки)“ финансиран од РЕФ, 2010-2015; Експерт на ЦЕА и автор
на „Процедурални насоки“ и обучувач за имплементација на упатства за подготовка на нацрт стратешки план и
предлог буџетска пресметка на Собранието на РМ, 2011 година; Коавтор на книгата „Фискална децентрализација во
Република Македонија“, 2014 година (ISBN-13 : 978-3659467424); Консултант за истражување и анализа на
практиките за стратешко планирање во општините и обучувач на тема: „Стратешко планирање во општините-
градење капацитети за стратешко планирање (Концепт, процес, елементи алатки)“, Македонска асоцијација за
одржлив развој (AMIS) и Меѓународна организација за миграција – ИОМ, 2011 година; Член на Комисија за следење
на фискалната децентрализација, 2006 – 2011, 2017 – 2020 година; Експерт на ЦЕА и автор на „Прирачник за буџет и
буџетски процес“ и обучувач на темата, 2010 година; Експерт за анализа и следење извештаи од владини проекти и
активности од областа на социјалната политика на „Проект за мониторинг на лидерство“ имплементиран од
Охридскиот Институт за економски стратегии и меѓународни односи, 2008/2009 година; Коавтор на публикацијата:
„Истражување на практиката за управување со перформанси и посветеноста на вработените во јавната
администрација во Македонија“, Меѓународна конференција за менаџмент, Бор, Србија, 2012 година; Коавтор на
публикацијата: „Диверзификација на работната сила како предизвик за бизнис заедницата во услови на економска
криза: студија“, Меѓународно списание за маркетинг, финансиски услуги и менаџмент истражување (ISSN ONLINE:
2277-3622) и друго.

mk_MK